Европската елита влегува во нова фаза, откако за првпат од формирањето на Куп на европските шампиони во 1956 година (денешната Лига на шампиони), истите осум клуба обезбедија пласман меѓу најдобрите осум во две последователни сезони.
Во елитното друштво повторно се најдоа Магдебург, Барселона, Алборг, Фуксе Берлин, ПИК Сегед, Нант, Спортинг и Веспрем.
Овој податок јасно укажува дека врвот на европскиот ракомет сè повеќе се стабилизира или, според критичарите, се затвора за нови клубови.
Дополнителен аргумент за ваквите тврдења е фактот дека во однос на минатата сезона, меѓу 16 учесници има само една промена, ГОГ Гудме ја замени Фредериција.
Иако континуитетот носи висок квалитет и стабилност, тој истовремено го намалува просторот за изненадувања и пробив на нови имиња на големата сцена.
Сепак, постои и зрак надеж. Најавеното проширување на натпреварувањето во следната сезона би можело да отвори простор за повеќе клубови и да внесе свежина во елитниот европски ракомет.








