Лазов: Тиквеш станува бренд во македонскиот ракомет, со помош на „Лозари“ до победа против Охрид

Амбициозниот тим на Тиквеш во натпревар од 5. коло од Супер лигата за ривал го има тимот на Охрид.

Избраниците на Никола Матлиески успешно ја стартуваа сезоната во домашниот шампионат и моментално имаат „четири од четири“.

Еден од поискусните во тимот од Кавадарци, десното крило Орданчо Лазов, ги истакна своите очекувања за дуелот со охриѓани.

„Веќе 18 години сум дел од Тиквеш, а во моментов атмосферата во тимот е на високо ниво и мислам дека подобро и никогаш не било. Периодот што следува за тимот на Тиквеш е од голема важност, како со дуелите во Европа, така и на домашната сцена каде Тиквеш веќе станува препознатлив бренд во македонскиот ракомет. Се надевам на успешно завршени натпревари. Охрид е доста незгоден ривал, има голем ростер на играчи, но сепак, мислам дека нашиот тим е фаворит и сигурен сум дека бодовите ќе останат во Кавадарци со помош на нашата кавадаречка публика и навивачката група „Лозари“, изјави Лазов.

Тиквеш следниот викенд, односно на 15 октомври го започнува настапот во Европскиот Куп. Ривал на клубот од Кавадарци во рамки од второто коло е Кремс од Австрија.

„Веднаш по ждрепката, стартувавме со подготовки за европскиот дуел со Кремс, секако, мора да се подготвуваме за дуелите што ни претстојат во првенството, но, стручниот штаб во клубот веќе има јасна слика за нашиот ривал од Австрија, гледаме видеа, правиме анализа и секако, максимално ќе се подготвиме за овие дуели и очекуваме победа”, додаде Лазов.

Искусниот ракометар од оваа сезона работи со подмладокот на Тиквеш и им го пренесуваме своето искуство.

„Веќе ги имам земено двете лиценци, сега во ноември почнувам со прв курс за трета лиценца за тренер, ги презедов младинците на клубот од оваа сезона заедно со Тошо Димитриев и се надевам на успешна тренерска кариера”, заврши Лазов.

Дерби дуелот со Охрид се игра во салата „Јасмин“ в сабота со почеток во 19:00 часот, а потоа на истото место во вторник ќе се игра и дуелот со Скопје.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР33009
2ОХРИД33009
3АЛКАЛОИД33009
4ВАРДАР 196132016
5ТИКВЕШ 201431114
6ПРИЛЕП31114
7БУТЕЛ31023
8СТРУГА31023

Ѓорѓиев: За да го победиме Охрид сите ракометари мора да бидат на максимум