Најуспешен предводник на македонската машка репрезентацијата е Звонко Шундовски, со кој Македонија го има најголемиот успех на големите натпреварувања.
Го прашав каков е неговиот поглед за работата на Лазаров и она што се труди да го направи со репрезентацијата?
„Успехот во оваа работа се мери само со резултати. Прашањето е кои се очекувањата од нашата репрезентација? Претходно Ве прашав што очекувавме пред ЕП за потоа сите да бараме медал и оставка од селекторот? И тогаш и сега е континуитет! Сега имаме една селекција, не можам да кажам млада, поголем дел од играчите имаат континуитет од три-четири големи натпреварувања. Изборот на играчите – тоа си е работа на селекторот. Тој смета дека тие се вистинските за да се оствари тој континуитет. Ние очекуваме многу повеќе, но нашите очекувања се нереални генерално како нација, ние сме најбрзи, најдобри и имаме два милиони селектори. На Кире како играч никој не може да му го оспори она што го има постигнато – еден од најдобрите ракометари генерално земено и најдобар десен бек во светот. Како негов тренер знам што значи да имаш играч како него во екипа, и секоа чест за тоа. Сега еве го во други води. Дали и какви грешки прави во релативно кратката тренерска кариера, дали требаше да земе соработници или имаше соработници, но ги испушти, детали не знам и не навлегувам во тоа. Резултатите ќе дадат одговор за работата. Праг на толеранција за Лазаров не постои, никој од домашните тренери немал таква поддршка и од РФМ и од новинарите од самиот почеток и така треба да биде…“, потенцира Шундовски.
За репрезентацијата, Еурофарм Пелистер и ракометната приказна на Шундовски прочитајте во интервјуто во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ЗВОНКО ШУНДОВСКИ: Жалам што моите успеси со репрезентацијата сѐ уште се недостижни!