Репрезентацијата на Данска не успеа да го освои златото на Европското првенство кое беше одржано во Германија и ќе мора да се задоволи со сребрениот медал.
Данска во финалето по продолженија беше поразена од новиот европски шампион Франција со 33:31.
Голманот на Данска, Никлас Ландин, се надева дека на Олимписките игри приказната ќе биде поинаква и со среќен крај за скандинавската селекција.
,,Мислам дека сега имаме голема мотивација пред Олимписките игри. Не сакаме повторно да ги видиме Французите на тронот. Се надевам сега тогаш ќе ги замениме местата”, кратко коментираше Ландин.