Капитенот на Еурофарм Пелистер и лев бек на македонската ракометна репрезентација не го криеше задоволството по победата на Македонија над Литванија и пласманот на Европско првенство 2026.
Кузмановски потенцираше дека одамна не играле вака како тим и горди се што се продолжува континуитетот.
Покажавме денес квалитет. Растеме како екипа и по долго време не издвојуваме поединци туку играме како тим. Денес тоа го покажавме на терен. Сакавме две убедливи победи, зашот Македонија тоа го заслужува. Натпреварот го почнавме тешко, бидејки е крај на сезона и кај дел од ракометарите се чувствува умор. Но кога се игра за Македонија се се заборава и се игра со посебен мотив.
На Европско првенство нема лесна група. Треба добро да се подготвиме и мора да издвојуваме победа во група за пласман понатаму. На добар пат сме, веруваме во тоа и се надевам дека бргу ќе го покажеме. -заврши Кузмановски.
Македонија ја совлада Литванија со резултат 26-17 и како второпласирана од група 1 се пласираше на ново Европско првенство.