Кузмановски не можеше сам- шампионот не успеа да ја освои Автокоманда

Третопласираниот тим од минатата сезона во рамки од 8. коло од Супер лигата на свој терен славеше над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, триумфираше со 32:25. За Еурофарм Пелистер ова беше втор сезонски пораз во домашниот шампионат, додека тимот од Автокоманда продолжува со максимален ефект и сега има осум од осум.

Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и по пет минути игра имаше предност од 4:1. Битолчани со двата гола на искусниот Радивојевиќ намали на 4:3, но до крајот  на првото полувреме тимот на Кире Лазаров имаше контрола на резултатот, а во периодот од 20 до последната секунда од првиот дел водеше со четири до пет гола разлика.

Еурофарм Пелистер во 10 минута со голот на Кузмановски успеа да направи камбек израмнувајќи на 6:6. По камбекот на пелистерци, домаќините започнаа постепено да се одлепуваат, а течните акции, како и цврстата одбрана, беше заштитен знак на „сино-белите“.

Гостите од Битола како да застанаа во еден момент и дозволија домашниот состав да биде доста подобар во завршните десет минути од првиот дел. Тимот на Кире Лазаров во три наврати имаше плус пет (14:9,15:10, 16:11). По 30 минути игра, резултатот беше 16:12 во корист за домашниот табор.

Вториот дел започна со голот на Кузмановски, кој намали на 16:13, но избраниците на Лазаров во 35 минута ја вратија она максимална предност од првиот дел, поведоа со 19:14. Во 38 минута се повреди членот на домаќините, левото крило Никола Костески, кој до тој момент имаше запишано пет погодоци.

Резултатската ,,нишалка” до 40 минута беше четири до пет гола разлика за домашниот тим, кој во 41 минута со голот на Стојковиќ дојде до највисоката позитива во тој момент, поведе со 23:17, две минути подоцна имаше и 24:17. Пелистерци не се откажуваа, намалија на 25:20 во 48 минута, но до крајот домаќините доминираа на теренот и рутински го завршија дерби дуелот.

Најефикасен во победничката екипа беше Мартин Серафимов со осум погодоци, а го следеше Бинго со шест реализации. Во поразениот табор единствено расположен за игра беше Филип Кузмановски, кој запиша 12 гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД880016
2ВАРДАР 1961870114
3ОХРИД760112
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР860212
5БУТЕЛ850310
6ТИКВЕШ 201483147
7ПРОЛЕТ72236
8ПРИЛЕП82155
9КУМАНОВО82064
10СТРУГА82064
11БИСИНОВ Ф. Л.81163
12РАДОВИШ80171