KУП Ф4 2025 – Сите детали за женскиот Куп: Досегашни победници, кој против кого во полуфинале, саатници…

Денеска и утре Радовиш и салата „25 Мај“ ќе бидат домаќини на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Четирите екипи што обезбедија место на Ф4 ќе имаат шанса да се борат за важниот трофеј, а актуелен бранител на трофејот се „лавиците“ од Ѓорче Петров.

Ѓорчеоетровки се рекордерки по бројот на освоени трофеи во Куп натпреварувањето – славеле дури 17 пати досега.

На второто место е тимот на Вардар, кој има шест трофеи, додека трет е тимот на Металург, кој не е активен во моментов со пет освоени Куп трофеи.

Покрај овие три тима, уште Куманово се има радувано на одличја и тоа трипати досега – во 2019, 2021 и 2023 година.

Куп на Македонија, жени, Ф4:

полуфинале:
30 мај, 17:00 Ѓорче Петров – Вардар

30 мај, 19:30 Чаир – Металург Автокоманда

финале:
31 мај, 16:00

Ѓорче Петров го освои првиот куп трофеј во 1993, а веднаш потоа во 1994 и Вардар првпат славеше во ова натпреварување. Металург освои четири трофеи едноподруго во 2010, 2011, 2012, 2013 и потоа во 2022 година.

Очекувањата на сите предводници на екипите учесници на Ф4 – Анжела Платон, Симе Симовски, Јулијана Дамчевска и Басри Латифи, може да ги прочитате во продолжение…

КУП Ф4 2025 – Платон: За секоја екипа е предизвик да се биде на Ф4, се надевам сите ќе го дадат максимумот

КУП Ф4 2025 – Латифи: Ќе одлучуваат нијанси и спортската среќа

КУП Ф4 2025 – Дамчевска: Во Купот нема фаворити

КУП Ф4 2025 – Симовски: Ако играме како што игравме цела сезона – нема да имаме проблеми