Тимот на Куманово оствари важен триумф на гостувањето кај Пелистер со 31-29 во натпреварот од 14 коло во Супер женската лига.
Иако битолчанки водеа во првиот дел во повеќе наврати и со по шест погодоци, сепак гостинките покажаа карактер.
По водството од 24-21, за пет минути Куманово преку Павлова, Нестороска и Шехтанска направи комплетен пресврт, потоа се одлепија и на плус три и ја задржаа предноста до крајот.
Најдобри стрелци кај Куманово беа Азеведо со десет и Стеин со осум гола, додека кај битолчанки се истакна Тодоровска со 12 погодоци.
Во следното коло Куманово ќе гостува кај шампионот Ѓорче Петров, додека Пелистер ќе го пречека Чаир.
























