Тимот на Куманово, кој опстанокот во Супер лигата го обезбеди преку плеј-аутот, работи на формирањето на играчкиот ростер за претстојната сезона. Најново име во составот на тренерот Љубиша Димковски ќе биде десниот бек Иван Митревски.
Станува збор за играч што потекнува од Металург, играше во Македонија Ѓорче Петров, Младост Богданци, Партизан Гевгелија, потоа и за Вардар Неготино, Аеродром, а последната полусезона ја мина во Радовиш.
Претходно раководството на Куманово се раздели со двајца од странците, Милош Благојевиќ и Михајло Стевовиќ. Од Куманово замина и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, како и најдобриот стрелец Наум Костов.
Куманово ги договори левиот бек од младинскиот погон на Еурофарм Пелистер, Благој Христовски, потоа Христијан Крстаноски, младиот пивот Цековски, доаѓа и младинскиот репрезентативец Давид Димевски, како и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.
За Куманово потпиша и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжија кружниот напаѓач Дарио Симоноски и искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.