Kрунисани шампионките – младинките на Металург Автокоманда се најдобри во Македонија

Младинките на Металург Автокоманда ја освоија титулата во женската младинска лига со 12 победи на 12 натпревари.

Избраничките на Јулијана Дамчевска на три кола до крајот имаа недостижна предност пред големиот ривал Вардар, а денеска со победа ја запечатија одличната сезона.

Оваа сезона ги совладаа вардарки четири пати, а последниот триумф го остварија во „Круме Кепески“ на гостински терен со 30-28 во последното коло.

Таида Беровиќ погоди осум пати за Металург Автокоманда, додека 12 пати за Вардар реализираше Леона Миленковска.

На табелата во лигата во која играа само четири екипи, Металург Автокоманда има 24 бодови, додека Вардар е втор со 14 бодови.

По мечот, ракометарките на Металург Автокоманда од РФМ ги добија заслужените медали и пехар.