Крстевски: Поразот од Еурофарм Пелистер е заборавен – одиме по бодови кај Пролет

Ракометарите на Охрид по поразот од Еурофарм Пелистер, во натпревар во кој пружија голем отпор, ги чека гостување во Скопје.

Избраниците на Стевче Алушовски гостуваат кај Пролет, кој се уште има шанси за плеј-офот, а средниот бек Горан Крстевски ги сподели очекувањата.

„Поразот од Еурофарм Пелистер треба да го заборавиме. Нè очекува нов предизвик и гостување во Скопје кај Пролет. Наше е да се подготвиме и да одиграме квалитетен натпревар за да стигнеме до нови бодови“, изјави Крстевски.

Натпреварот меѓу Пролет и Охрид е закажан за в сабота со почеток од 18:00 часот во салата „Македонско Сонце“.