По финалниот натпревар во Лигата на шампионите во кој Магдебург го совлада тимот на Фуксе Берлин со 32-26, беа прогласени најдобрите поединци сезоната.
Покрај Матијас Гидсел, кој како најдобар стрелец со 135 гола ја одбележа сезоната, за најкорисен играч на Ф4 беше прогласен Гисли Кристјансон од Магдебург.
Исландскиот бек беше меѓу најдобрите поединци на двата натпревари против Барселона и големиот ривал Фуксе Берлин.
Oва е втора ваква индивидуална титула за исландскиот ас, кој и во 2023 година, иако повреден беше најзаслужен за титулата.