Женската младинска репрезентација на Македонија во победничка атмосфера оди на Европското првенство во Црна Гора.
Избраничките на Симе Симовски го победија Косово во пријателски натпревар со 30-20, откако и на полувремето водеа со 15-10.
Најдобар стрелец во македонската репрезентација беше Михаела Кралева со девет погодоци и покажа дека ќе биде меѓу главните адути во Црна Гора.
Македонија утре наутро патува за Подгорица, а од среда го почнува настапот на ЕП со дуел против Унгарија од 19:30 часот.
Во групата А покрај Македонија и Унгарија се уште и селекциите на Полска и Чешка.