Костов: Одигравме одлично во одбрана и дадовме многу лесни голови

Екипата на Охрид во последното коло за оваа година пред својата публика славеше над Струга со 42:25 запишувајќи ја 12-та сезонска победа и со новите два бода се позиционираше зад водечката тројка на табелата, односно на 4. позиција со 25 бода.

Најефикасен во тимот на Охрид беше Наум Костов, кој влезе во вториот дел и зад своето име запиша шест погодоци. Десното крило за 24Ракомет ги сподели своите импресии по убедливиот триумф.

,,Натпреварот го стартувавме одлично во дефанзивна смисла, дадовме многу лесно голови, но исто така примивме лесни голови од нашиот ривал, што не требаше да си го дозволиме тоа, но во секој случај отворивме добро, тоа го потврдивме и на стартот на вториот дел кога направивме  двоцифрена разлика, задоволни сме од последниот натпревар за оваа година, овој натпревар мина во едно спортско езерско соочување, без никакви инциденти”.

Костов оптимистички гледа за натпреварите во плеј-оф фазата и истакнува дека Охрид може рамо до рамо да се носи со секоја екипа.

,,Нормално дека можеше подобро да се одигра за овој дел од сезоната, но тоа е што е, се надевам дека немаме ништо загубино, имаме уште цел плеј-оф за играње, со една победа сме тука на врвот, и покажавме дека можеме да се носиме со сите противници”.

Помошниот тренер на Струга, Сашо Србиновски, го коментираше денешниот пораз во Охрид.

,,Дерби како дерби е секогаш интересно за гледање, а кај нас се чувствува заморот од првиот дел на сезоната, немаме голем ростер на играчи за поголемо спротиставување, ова бешез аслужена победа на Охрид, се надевам дека ќе бидеме подобри пред стартот на плеј-ауот.

Охрид беше пресилен во езерскиот двобој