Костески: Во нагорна линија сме, ќе бележиме добри успеси

Машката репрезентација на Македонија пред настапот на Европското првенство триумфираше на првата од двете контролни средби против Грција со три гола разлика, 33:30.

Македонија иако 20 минути беше во негатива, сепак, со одличната игра во последните десет минути од првиот дел направи пресврт и до крајот имаше активен резултат.

По одиграниот натпревар со јужниот сосед, репрезентативецот на Македонија, Ненад Костески, истакна дека е задоволен од прикажаното на првата контролка.

,,Можеби не го отворивме најдобро натпреварот како што можевме, во првиот дел ја бркавме предноста, успеавме да ја вратиме на полувреме, заминавме со наша предност и успеавме да издржиме во второтополувреме. За разлика од натпреварите во Солун, тие беа подобро подготвени, секако, и ние прикажавме подобра игра од таа во Солун и можам да кажам дека сме во нагорна линија и ќе бележиме добри успеси”, изјави Костески.

Македонија првиот меч на ЕП го игра против Франција на 10 јануари од 18:00 часот на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.

Талески: Најмногу треба да се поправиме во одбраната

 

Јагуриновски: Ќе се бориме против сите на ЕП!

Велковски: Спремни сме за ЕП – борбено ќе го браниме македонскиот дрес

Лазаров: Клубовите треба да вложуваат во младите играчи – само така ќе имаме квалитетна репрезентација

📷Грција на колена пред македонските “лавови”!