Македонија се пласираше по деветти пат на Мундијалите, откако славеше над Фарски Острови со 34-26 и ја надмина негативата од седум гола.
Десното крило Никола Костески беше сигурен реализатор на пеналите и вели дека публиката имаше голем удел во овој триумф.
„Нашата публика и ние се сплотивме како едно. Повеќето од грешки од првата средба ги поправиме. Моравме да веруваме за да се оствари овој сон. Победата и ја посветувам на целата публика што дојде во салата и ни помогна. Тие напаѓаа седум на шест, моравме да имаме поддршка и од голманите за да бидеме подобри во одбраната. Во Торшавн судиите не ни дозволија да намалиме уште повеќе кога се вративме во игра во вториот дел. Но денеска покажавме дека можеме и од минус седум да дојдеме до триумф и да се квалификуваме на СП“, изјави Костески.
Ривалите на СП 2025 година Македонија ќе ги дознае на 29 мај по ждрепката што е закажана во 17:30 часот.