Косоротов се врати во Висла – ќе остане три сезони

Левиот бек на машката ракометна репрезентација на Русија, Сергеј Марк Косоротов, повторно ќе настапува за полската Висла. Договорот е потпишан на три години.

Во Полска заминува како шампион на Унгарија, и ќе игра повторно во Лигата на шампионите, само за полскиот тим кој успеа да го победи Кјелце.

Рускиот ракометар се враќа во Висла Плоцк по двегодишна пауза, а веста ја потврди официјално и клубот. Косоротов, кој има 26 години, веќе беше дел од Висла во периодот од 2021 до 2023 година, по што премина во унгарскиот Веспрем.

Во сезоната 2024/25, Косоротов постигна:
* 130 голови во унгарскиот шампионат,
* 63 голови во Лигата на шампионите,
* 15 голови во Купот на Унгарија
* 10 голови на Светското клупско првенство.

„Како и секој спортист, длабоко верувам во силата на емоциите и внатрешната интуиција. Мора да признаам дека чувството дека ќе се вратам во Висла никогаш не ме напушти. Денес со гордост и радост можам да кажам – се враќам! Благодарност до сите кои придонесоа повторно да бидам дел од овој уникатен тим. Верувам дека заедно со Висла и нејзините прекрасни навивачи нè очекува возбудлива и успешна сезона!“, изјави Косоротов.