Кос не гледал кај мава – поради повредите Мандиќ може да го пропушти СП!

Хрватскиот Загреб ги суспендира на неодредено време левите бекови во екипата Милош Кос и Звонимир Срна, по нивната тепачка во соблекувалната по поразот од Нант со 25-22 во Лигата на шампионите.

Според пишувањата на „24 Сата“, ситуацијата ескалирала до невидени размени. Некои од соиграчите на Кос му приговориле дека не игра добро на последните неколку средби, а се вмешал и Матеј Мандиќ.

Тој исто така му рекол нешто на Кос, кој го удрил со рака во лицето, а дури му нанел повреда што може да го оддалечи хрватскот голман од настапот на Светското првенство, бидејќи ќе мора да паузира четири до шест недели.

Потоа се вмешале сите во тепачката, а Срна неколкупати го удрил српскиот репрезентативец. Хрватот не играше против Нант, но влегол во соблекувалната по мечот.

Како ова ќе се одрази на клубот во следните предизвици во ЛШ и во домашното првенство, останува да видиме.

Тепачка во соблекувалната на Загреб – суспензија за двајца ракометари!