По завршницата на ЕХФ Лигата на шампиони за сезоната 2024/25, беа објавени официјалните податоци за заработката на сите учесници – и бројките се далеку од импресивни ако се направи споредба со останатите екипни спортови.
Европскиот шампион Магдебург се наоѓа на врвот со заработка од 572.980 евра, сума која е намалена за сите котизации кои се уплаќаат во ЕХФ за сите фази.
Иако беше пред елиминација во групната фаза, Магдебург успеа да стигне до титулата по една сезона пауза и да го преземе европскиот трон од Барселона.
Веднаш зад Магдебург е Фуксе Берлин со 523.980 евра, трет е Нант со 437.980 евра, додека четвртото место е за Барса со 363.050 евра.
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер кој имаше одлична сезона, но во финишот не успеа да стигне до елиминациите инкасираше 171.500 евра.
Заработка на екипите од Лигата на шампионите:
Магдебург – 572.980 евра
Фуксе Берлин – 523.980 евра
Нант – 437.980 евра
Барса – 363.050 евра
Веспрем – 296.370 евра
Алборг – 259.370 евра
Спортинг Лисабон – 259.370 евра
ПИК Сегед – 259.300 евра
ПСЖ – 252.430 евра
Висла Плоцк – 217.430 евра
Келце – 211.430 евра
Динамо Букурешт – 211.430 евра
Колстад – 186.500 евра
Еурофарм Пелистер -171.500 евра
Загреб – 166.500 евра
Фредериција – 146.500 евра