Келце наместо победа направија од „готово – вересија“

Полски Келце ја имаше победата во џеб, имаше последен напад, и наместо да сочека да мине времето, упатија удар на 5-6 секунди до крај, топка која голманот Ландин ја фати, и во контра во последната секунда ракометарите на Алборг дадоа гол преку Јул Ласен со кој израмнија, 32-32.

Данците со овој бод во гости останаа на второто место на табелата, со 11 бода, само еден помалкуод Берлин. Келце остана на 6. место со 5 бода, еден помалкуод Нант, и еден повеќе од Колштад.

Келце отвори поенергично и уште на стартот го наметна ритамот. Со агресивна одбрана и брза транзиција полскиот шампион избега на 4-1, принудувајќи го Алборг на ран тајм-аут. Данците се стабилизираа преку сигурните решенија на Сагосен и Кнор, но домаќините повторно се одлепија по прецизниот пенал на Шимон Сичко за 9-7. До паузата следеше игра „гол за гол“ – Алборг неколкупати израмни, но серијата решенија на Алекс Душебаев ја задржа минималната предност за Келце: 16:15 на одмор.

Вториот дел ја засили драмата. Алборг првпат поведе на 20-21, а натпреварот влезе во ритам со чести промени на водството и кратки мини-серии. Келце одговори преку пеналите на Сичко и моќниот Каралек на шест метри, правејќи пресврт за 26-24.
Клучен момент уследи во 53-та минута, кога Македа доби црвен картон, што го помести моментумот кон гостите. Сепак Алборг немаше сила да направи пресврт, освен да намалува на гол заостанување. Со таква предност се влезе во последните четири минути од средбата, и пак Келце зголеми на два гола, што беше причина Данците да бараат минута одмор, последен на мечот.

На секој гол на Полјаците, гостите веднаш возвраќаа, и секогаш остануваше предноста од само еден гол. Во последнат аминута Келце преку Алекс Душебаев зголеми на два гола, ама Арнолдсен пак веднаш враќа, и останаа само 15-тина секунди до крај.