Кичево се „сели“ во Охрид

Тимот на Кичево ќе ги игра сите домашни натпревари во СРЦ „Билјанини Извори“ додека не се нормализира ситуацијата со салата „Христо Узунов“.

Поради големите поплави што го зафатија кичевскиот регион и поради потребата за евакуација на голем број жители кои се сместени во салата „Христо Узунов“, таа нема да биде во употреба за спортски натпревари.

Додека одново салата стане место за натпреварите од Првата лига, кичевци ќе играат во Охрид.

Одложениот натпревар од неделата против Вардар Неготино, Кичево го закажа за в среда, 18 февруари, од 20:00 часот.