Кастратовиќ: Со победа над Куманово ќе добиеме многу во борбата за опстанок

Единствената непоразена екипа во досегашниот тек од плеј-аут фазата – Прилеп во 5. коло во борбата за опстанок ќе гостува во Куманово кај истоимената екипа.

Прилепчани токму против еден од директните ривали во плеј-аут фазата ќе се обидат да ги запишат новите бодови и да ја продолжат победничката серија.

Екипата на Куманово најмногу ја познава црногорскиот интернационалец Владан Кастратовиќ. Средниот бек во вториот дел од минатата сезона го носеше дресот на Куманово, кој исто како и Прилеп, претрпе многу измени од ланскиот состав.

,,Што се однесува до дуелот со Куманово, мислам дека ќе биде многу тежок и возбудлив натпревар, особено што играме на гости, тие се добра екипа на свој терен и секогаш имаат поддршка од публиката. Бев член на тој тим, знам дека трибините се секогаш исполнети, дека таму луѓето многу го сакаат ракометот и многу го следат овој спорт”, изјави Кастратовиќ.

Црногорецот имаше пофални зборови за неговиот екс клуб и се надева на освојување на трите бодови во саботниот дуел.

,,За овој натпревар напорно работевме, напорно трениравме и анализиравме многу работи. Екипата на Куманово има нови играчи, игра цврста одбрана, но и ние сме подготвени за овој дуел, можам да кажам дека дефинитивно ќе го дадеме нашиот максимум, напорно работевме овие денови и се надевам на освојување на трите бодови”, вели Кастратовиќ.

Прилеп доколку победи во Куманово, тогаш ќе направи голем чекор, односно ќе биде блиску до обезбедување опстанок во македонската елита.

,,Оваа победа би ни значела многу во битката за опстанок, значи може многу да добиеме доколку победиме против Куманово. Натпреварот за нас е многу важен и како што напоменав, ќе дадеме сѐ од себе. Доколку победиме, тогаш понатаму сѐ ќе ни биде полесно. Шанси имаме, можности имаме, а дали ќе бидат искористени, ќе видиме, но сум сигурен дека доколку ја повториме играта од претходните натпревари ќе бидеме на добар пат сме да обезбедиме опстанок”,  заврши Кастратовиќ.

Натпреварот меѓу Куманово и Прилеп ќе се одигра в сабота со почеток од 17:00 часот во спортската сала при СОУ „Перо Наков“. Влезот за сите љубители е слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142