Карапалевски меѓу најдобрите, Ваљадолид го сруши Гранољерс!

Тимот на Ваљадолид, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски, славеше над Гранољерс во Асобал лигата со 29-26.

Во натпреварот од 10 коло во Шпанија, Ваљадолид го пречека учесникот во Лигата на Европа, на полувремето имаше реми, 14-14, а во вториот дел го скрши отпорот на противникот.

Карапалевски беше еден од најдобрите на теренот во победничкиот тим и беше втор стрелец со четири гола од шест обиди.

Ваљадолид сега има 13 бодови, се искачи на третото место кое го дели со Торелавега, а следен предизвик на Карапалевски и неговиот клуб ќе биде гостувањето кај Бидасоа.