Карапалевски имаше победничко деби за Македонија

Машката репрезентација на Македонија обезбеди место на Мундијалот по триумфот над Фарски Острови со 34-26.

Еден од новајлиите во нашата репрезентација, Мартин Карапалевски, дебитираше за сениорскиот национален тим.

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец ги одигра првите минути за Македонија, откако доби шанса од селекторот Лазаров и имаше свој придонес на теренот.

Актуелниот член на Вардар од лето ќе биде за првпат интернационалец и ќе го облече дресот на шпанскиот Ваљадолид од Асобал лигата.

Македонија на 29 мај ќе ги дознае ривалите на СП 2025 година и местото каде ќе игра, а пред Мундијалот ќе ги стартува и квалификациите за ЕП 2026 година.