Репрезентацијата на Хрватска не успеа да го освои златото на Светското првенство 2025, откако во финалето беше поразена од Данска со 32:26.
Финалето во Осло беше последниот репрезентативен натпревар за екс ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ.
Искунсиот Карачиќ по завршеното финале истакна дека има измешани чувства, но е пресреќен што си заминува со сребрен медал.
,,Воопшто не сум тажен. Беше прекрасно да се делат теренот, соблекувалната и хотелот со овие момци сите овие денови. Пресреќен сум. Можеби на крајот можеше да биде малку подобро чувство, но јас не можев да посакам ништо подобро од тоа да се збогуваме со медал. Би можел да зборувам и да кажам многу за натпреварот, но не сакам да навлегувам во тоа. Имав измешани чувства. Го видов Дуле како плаче на почетокот. Се насмеав и сакав секој момент што го поминав овде да остане убав спомен. Резултатот не требаше да биде ваков, но ќе ја паметам секоја минута што ја играв во финалето и на овој турнир”, изјави Карачиќ.