Лидерот во прволигашката конкуренција, Младост Богданци, запиша триумф на стартот на пролетниот дел од сезоната и ја продолжи победничката серија на 13 победи од 13 дуели.
Избраниците на Горан Андоновски славеа лесна победа над Партизан Гевгелија со 39-23 и како го завршија есенскиот дел, така го почнаа и пролетниот дел.
Ова беше уште една од оние лесни двоцифрени победи, какви што беа многу за Младост оваа сезона, а победата беше најавена уште по првото полувреме, 17-13.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Даниел Андоновски со 11 голови и Лазар Адамовиќ со шест, додека Илија Пејковски стрелаше 14 пати за гевгеличани.
Младост Богданци останува на лидерското место со 26 бодови, а во следното коло ќе гостува кај Вардар Неготино.
























