Викендов се комплетираше 3. коло во кадетската лига во женска конкуренција, каде имаше едно дерби.
Дербито меѓу Вардар и Ѓорче Петров заврши со победа на вардарки од 27-24. Најефикасна во тимот на Вардар беше Леона Миленковска со 11 гола, додека кај екипата на Ѓорче Петров најефикасна беше Ива Велкова со 8 гола.
Чаир славеше против Делчево Вардар со 30-23. Најефикасна во Чаир беше Рона Мифтари со десет погодоци, додека кај екипата на Делчево Вардар најефикасна беше Мелита Стојменова со пет погодоци.
Илинден Вардар триумфираше на гостувањето кај Јехона со резултат 37-29. Најефикасна кај Илинден Вардар беше Ева Ѓорѓиевска со 11 голови, додека кај Јехона најефикасна беше Мила Николоска со 13 голови.
Стружанка успеа да освои бодови на гостувањето кај Гевгелија, откако славеше со 20-15.
Кадетки, 3. коло, резултати:
Вардар – Ѓорче Петров 27-24
Гевгелија – Стружанка 15-20
Чаир – Делчево Вардар 30-23
Јехона – Илинден Вардар 29-37