Кадетите на Струга со атракции го освоија Охрид (ВИДЕО)

Во дербито од 6. коло во кадетската машка лига меѓу екипите на Охрид и Струга на победа се израдуваа стружани, кои триумфираа со 28:23 и го презеда првото место во групата А. На дуелот, кој беше одигран во спортската сала „Билјанини Извори“, гостите постигнаа неколку атрактивни голови. Најпрво Војо Клењоски и Филип Мечкароски „режираа“ цепелин, потоа Филип Симоноски ги почести домаќините со шрауба по асистенцијата на Мечкароски.