Кадетите на собир, во понеделник стартува Медитеранското првенство

Машката кадетска репрезентација го имаше првиот собир пред настапот на Медитеранското првенство во Словачка.

Селекторот Горан Кузманоски ќе смета на 18 ракометари за оваа акција и натпреварите во градот Шаморин.

Македонската експедиција утре заминува за Словачка, каде од понеделник ќе ги игра натпреварите по групите, а в сабота ќе биде мечот за пласман.

По настапот на Медитеранското првенство, кадетите ги чека уште настапот на Светското првенство во училишен ракомет во Скопје од 22 до 28 април.

Овие акции се дел од подготовките за настапот на Европското кадетско првенство во Србија што ќе се одржи од 29 јули до 9 август, а Македонија е во група со Словенија, Шведска и Франција.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]