Кадети: Кавадарчани подобри од неготинци, Струга главна покрај езерото, Бутел ја доби драмата со Куманово

Изминатите неколку дена се комплетираше 6. коло од групите А и Б, и 7. коло од групата В кај кадетите.

Во група А, езерското дерби го доби тимот на Струга, откако го совлада Охрид со 28-23. Најефикасен во редовите на Струга беше Филип Мечкароски со 10 погодоци, додека кај Охрид најефикасен беше Лука Лангоски исто така со 10 погодоци.

Прилеп загуби од Преспа Вардар со 24-27. Најефикасен кај екипата на Преспа Вардар беше Матеј Нонковски со шест гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Павел Лажоски со осум гола.

Еурофарм Пелистер сигурен на домашен терен против Скопје со 33-28. Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Архангел Трсунов со осум гола, додека кај екипата на Скопје најефикасни беа Александар Антиќ и Владо Ристески со по осум гола.

Во група Б, лидерот Еурофарм Пелистер 2 беше убедлив против Младост Богданци со 39-19. Најефикасен кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Томче Пецаковски со 13 погодоци, додека кај Младост Богданци најефикасен беше Ѓорѓе Атанасов со девет погодоци.

Нерешено заврши мечот меѓу Вардар и Голден Арт со 25-25. Најефикасен во тимот на Вардар беше Огнен Тасевски со 10 гола, додека во тимот на Голден Арт најефикасен беше Марко Каркалашев со шест гола.

Мулти Есенс забележа лесна победа на гостувањето кај Партизан Гевгелија со резултат 34-22. Најефикасен кај екипата на Мулти Есенс беше Јаков Трајковски со шест гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасни беа Мартин Петров и Никола Шапов со по шест гола.

Во интересен натпревар Тиквеш го совлада Вардар Неготино со 26-24. Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Димитриј Анѓелов со девет гола, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Стефан Ицев со 11 гола.

Во група В, Бисинов ги освои бодовите на гостувањето кај Аеродром, откако триумфираше со 32-26. Најефикасен кај Бисинов беше Мартин Иванов со 12 гола, додека кај Аеродром најефикасен беше Борјан Благоев со осум гола.

Во драматичен и неизвесен натпревар Бутел Скопје забележа победа против Куманово со минимални 27-26. При резултат 26-25, Зенговски погоди за плус два за Бутел што беше клучно за триумфот. Најефикасен кај Бутел Скопје беше Давид Јовчевски со 10 гола, додека кај Куманово најефикасен беше Јован Насевски со девет гола.

Кадети, 6. коло, резултати:

Група А
Прилеп – Преспа Вардар 24-27
Охрид – Струга 23-28
Еурофарм Пелистер – Скопје 33-28
Кузман Вардар слоб.

Група Б
Еурофарм Пелистер 2 – Младост Богданци 33-19
Партизан Гевгелија – Мулти Есенс 22-34
Тиквеш – Вардар Неготино 26-24
Вардар – Голден Арт 25-25

Група В, 7. коло
Аеродром – Бисинов 26-32
Борец – Астраион 23-30
Бутел Скопје – Куманово 27-26
Алкалоид слоб.
Македонија Ѓорче Петров слоб.