Завршниот турнир во машка кадетска конкуренција ќе се одржи во Автокоманда, a покрај домаќинот, ќе играат и Бисинов, Струга и Еурофарм Пелистер 2.
Битолчани предводени од Фарук Мемиќ, во 14 одиграни натпревари имаа само еден пораз и уверливо ја освоија првата позиција во групата Б, па директно се пласираа на завршниот турнир.
Втора сезона по ред овој тим игра на завршниците во младинските категории со генерацијата 2006/07.
Противник на битолчани ќе биде составот на Бисинов, кој местото на Ф4 го обезбеди преку бараж натпревар, а досега нема играно ниту една со Еурофарм Пелистер 2, па на овој полуфинален дуел нема да има изразит фаворит.
„Втора сезона по ред нашиот кадетски тим на генерација 2006/07 обезбедува учество на завршниот Ф4 турнир за шамион на Македонија во наведената категорија. За разлика од минатата сезона каде преку бараж натпревар обезбедивме учество, оваа сезона како првопласирана екипа во групата Б беше обезбедено дирекно учество на завршниот турнир. Нашите очекувања од истиот се, да напредуваме степен погоре со пласман во финале најмалку, за разлика од минатата сезона каде што го освоивме третото место“, вели Мемиќ.
Тој ја препушта фаворитската улога на домаќинот на турнирот во Автокоманда.
„Предноста за освојување на турнирот е на страната на домашниот состав како организатор на истиот кој втора сезона по ред ја добива организацијата на истиот. Покрај фаворитската улога на домашниот тим, сепак и ние останатите три учесници имаме свои математики за освојување на истиот. Од минатата сезона новајлија е нашиот полуфинален противник, Бисинов, со кого прв пат ќе одиграме официјален натпревар. Другите два тима, како и нашиот состав втора година по ред учествуваме на завршниот турнир. На сите учесници им посакувам среќа на Ф4 турнирот и се да биде во најдобар ред во духот на спортот, па нека победи најдобриот. Се надевам дека ние ќе се прикажеме во одлично издание и дека ќе славиме на одиграните натпревари на турнирот“, заврши Мемиќ.
Распоред, Ф4 – кадети:
САБОТА – 18.05.2024
Полуфинални мечеви
11:00 – Струга – Алкалоид
13:30 – Бисинов – Еурофарм Пелистер 2
17:00 – меч за 3 место
19:30 – финале
📷 РФМ реши кадетскиот Ф4 пак да биде во Автокоманда – ќе организирале по европски терк!