Марин Шего и Игор Карачиќ се вратија во репрезентацијата на Хрватска откако го пропуштија Европското првенство.
Хрватска на седумдневните припреми во Вараждин нема да одигра натпревар, а овој собир ќе биде со цел да се провери формата на репрезентативците пред баражот за СП против Финска на 16. април.
Карачиќ се враќа после одличните настапи во Келце, а ако е здрав добро познато е што може. Задоволство од враќањето истакна и самиот Карачиќ.
„Секогаш е убаво да се игра за Хрватска, првиот натпревар го играме на 13. април на гости во градот Ванта во близина Хелсинки. На состанокот не криевме ништо, се си кажавме. Интересно е што во овој ист град го игравме првиот квалификациски натпревар во историјата како самостојна држава на 12. април 1993 година во квалификациите за првото Европско првенство во Португалија на кое освоивме бронза. Ја победивме Финска со 31:26, а во салата имаше точно 290 гледачи“.
Финска денес?
„Спортски е добро да се припремиме, не може да се каже дека ќе биде лесно. Мораме максимално да се посветиме 120 минути и да одиграме перфектен ракомет, да и покажеме на публиката каков ракомет ќе играме во иднина“, порача Карачиќ.