Селекторот на машката репрезентација на Данска, Николај Јакобсен, го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета на домашното ЕП.
Јакобсен ќе смета на 19 ракометари, меѓу кои има и двајца дебитанти на големите натпреварувања – средниот бек Мадс Сване од Силкеборг, како и пивотот од Скјерн, Емил Берголт.
Останатиот дел од тимот е очекуван и тешко дека некој ќе му најде мана на овој состав на Данска.
Тука се голманите Нилсен и Мелер, крилата Ландин и Јакобсен, пивотите Јоргенсен и Саугструп, бековите Гидсел, Андерсон, Питлик…Го нема повредениот Томас Арнолдсен од Алборг, кој играше во одлична форма оваа полусезона.
Данска ќе игра пријателски натпревари против Норвешка и Грција пред ЕП, а прв ривал на ЕП ќе и биде Македонија во групата во која уште се Романија и Португалија.



























