Хрватскиот интернационалец Филип Ивиќ имаше добра партија на голот на шампионот Еурофарм Пелистер во мечот против тимот на Кирил Лазаров, кој го добија битолчани со 30-28.
Тој фати неколку клучни удари во моментите кога гостите имаа шанса да намалат и да го направат мечот неизвесен.
„Знаете како викаат – колку е потежок патот до титулата, толку е послатка. Честитки за моите момци за борбеноста од првата до последната минута. Благодарност до прекрасните навивачи кои ни беа ветар во грб, но и до гостите кои покажаа дека можат да одиграат квалитетно. Нас не ни преостанува ништо друго, туку на секој следен меч да бараме победа. Следува дерби со Вардар во Битола, сите знаеме какво дерби ќе биде тоа, но да одиме меч по меч бидејќи долг е патот до титулата. Верувам во оваа екипа. Најважно е што победивме, има уште многу натпревари до крајот“, изјави Ивиќ.
Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај Бутел Скопје, а потоа следува голем