Една од најдобрите ракометарки на светот, Едуарда Аморим Талеска е дел од стручниот штаб на женскиот национален тим на Македонија.
Таа смета дека во репрезентацијата имаме добри лидери, но треба и да се работи со нив. Таа го пренесува искуството кое го имала во Ѓер, како втор капитен.
„Тоа е избор на селекторот, имаме еден играч, но мислам дека се потребни двајца-тројца, затоа што секој од нив може да и даде различно нешто на екипата – некој мир, некој тактика, некој енергија и треба да се работи на тоа. Мене Амброш во Ѓер јасно ми даде до знаење дека јас ќе бидам втор капитен со Горбиц и работеше на мене, како и што очекува, како ја гледа екипата и потребна е поголема взаемна работа за оние кои ќе бидат лидери да можат да и помогнат на екипата. Мислам дека имаме девојки кои можат да бидат лидери само треба да работиме на нив.“
Целосното интервју со Аморим Талеска може да го прочитате во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ЕДУАРДА АМОРИМ ТАЛЕСКА: Не треба само да бидеме репрезентација, треба да знаеме што сакаме!