ИХФ ги потврди градовите-домаќини за СП 2025, ждрепката за групите на 29 мај

Светското првенство 2025 според првичните најави пред пет години, кога Данска, Норвешка и Хрватска ја добија организацијата, требаше да се игра во 11 градови низ трите држави. Сепак на крајот, и поради финансиски и поради организациски причини, во комбинација останаа само пет града кои ги потврди ИХФ како домаќини – Хернинг во Данска, Осло во Норвешка, како и Загреб, Вараждин и Пореч во Хрватска.

Отпаднаа Драмен, Ставангер и Трондхајм во Норвешка, како и Копенхаген во Данска. Од хрватските градови во комбинација беа Сплит и Дубровник, а во Дубровник беше најавена и изградба на нова сала, но нема ништо од тоа.

Досега на Мундијалот во 2025 година место имаат обезбедено 19 селекции, 11 места ќе бидат поделени во европскиот бараж, ќе биде доделена уште една вајлд-карта, а место ќе има и за шампионот на Северна Америка и Кариби, а таму првенството ќе се игра од 6 до 12 мај.

Билетите за СП 2025 веќе се во продажба за групите што ќе се играат во Хрватска, додека утре ќе бидат пуштени во продажба оние во скандинавскиот дел – во Норвешка и Данска. Македонија ќе се соочи со Фарски Острови во битката за пласман на СП 2025 година, а натпреварите се на програмата на 8 и 12 мај.

Oд денеска се продаваат влезници за СП 2025 – цените од 25 евра па нагоре