Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 20 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца од Охрид, како и по еден од Вардар, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер, „сино-белите“ од Автокоманда и Прилеп.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 20. коло, резултати:
БУТЕЛ СКОПЈЕ – БОРЕЦ ФЛ 35-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – СТРУГА 24-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – КУМАНОВО 38-20 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ 35-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ТИКВЕШ 39-27 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24-39 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 20. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата успеа да одбрани 17 удари на ракометарите на Борец ФЛ.
Лево крило: Дејан Манасков (Еурофарм Пелистер) – Искусниот велешанец даде десет гола против Радовиш.
Лев бек: Дамјан Митев (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец имаше 11 гола и беше сигурен пеналџија без грешка против Пролет.
Среден бек: Ловро Јотиќ (Охрид) – Хрватот успеа да реализира седум гола во мрежата на Куманово.
Десен бек: Ашраф Маргели (Вардар) – Тунискиот репрезентативец имаше одлична партија против Тиквеш.
Десно крило: Наум Костов (Охрид) – Десното крило беше лидер во триумфот над Куманово и запиша десет погодоци.
Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Хрватскиот кружен напаѓач беше меѓу најдобрите во победата над Струга.