ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО OД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 2 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Вардар, Прилеп, Пролет, Тиквеш и „сино-белите“ од Автокоманда.

За МВП на колото ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.

Супер лига, плеј-оф/аут 2. коло, резултати:

ОХРИД – АЛКАЛОИД 27-27
ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 25-20
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 22-27
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 29-25
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАДОВИШ 34-31
ПРОЛЕТ – СТРУГА 31-25

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ/АУТ ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Василије Печурица - голман - Тиквеш
57.07%
Никола Цветаноски - лев бек - Прилеп
18.32%
Милан Лазаревски - пивот - Вардар
10.99%
Давор Палевски - лево крило - Пролет
7.33%
Дарко Ѓукиќ - десно крило - Охрид
2.09%
Баптист Одифред - десен бек - Еурофарм Пелистер 2
2.09%
Марко Митев - среден бек - Алкалоид
2.09%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

Голман: Василије Печурица (Тиквеш) – Голманот на кавадарчани беше меѓу клучните фигури во триумфот над Бутел Скопје.

Лево крило: Давор Палевски (Пролет) – Левото крило беше најдобар стрелец со 11 погодоци против Струга.

Лев бек: Никола Цветаноски (Прилеп) – Беше меѓу најдобрите во прилепскиот тим во победата над Куманово.

Среден бек: Марко Митев (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец беше меѓу лидерите на „сино-белите“ на мечот со Охрид.

Десен бек: Баптист Одифред (Еурофарм Пелистер 2) – Ги покажа своите квалитети против тимот на Радовиш и успеа да погоди седум пати.

Десно крило: Дарко Ѓукиќ (Охрид) – Десното крило беше меѓу најдобрите во ремито против „сино-белите“ од Автокоманда.

Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач блескаше на дербито против Еурофарм Пелистер.