ИДЕАЛЕН ТИМ НА 19. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 19 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има тројца од шампионот Еурофарм Пелистер, како и по еден од Вардар, Тиквеш, Бутел Скопје и Радовиш.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, 19. коло, резултати:

БОРЕЦ ФЛ – РАДОВИШ 30-30 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-30 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ВАРДАР 26-38 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ОХРИД 23-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ПРИЛЕП 30-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД 33-20 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 19.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Никола Митревски - голман - Еурофарм Пелистер
53.23%
Филип Кузмановски - лев бек - Еурофарм Пелистер
14.52%
Димитар Узунчев - десен бек - Бутел Скопје
9.68%
Кристијан Анастасовски - пивот - Тиквеш
8.06%
Петар Стојаноски - среден бек - Радовиш
8.06%
Богдан Радивојевиќ - десно крило - Еурофарм Пелистер
3.23%
Марко Срдановиќ - лево крило - Вардар
3.23%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 19. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер) – Искусниот чувар на мрежата запиша 15 интервенции во дербито.

Лево крило: Марко Срдановиќ (Вардар) – Беше меѓу предводниците во триумфот над Куманово.

Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Левиот бек постигна 11 погодоци во важниот триумф над „сино-белите“ од Авткоманда.

Среден бек: Петар Стојаноски (Радовиш) – Младиот плејмејкер беше меѓу најдобрите во ремито во Велес.

Десен бек: Димитар Узунчев (Бутел Скопје) – Младинскиот репрезентативец го водеше Бутел до победа кај езерото.

Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Еурофарм Пелистер) – Десното крило беше меѓу лидерите во убедливата победа во дербито.

Пивот: Кристијан Анастасовски (Тиквеш) – Кружниот напаѓач имаше големи заслуги за двата бода против прилепчани.