И тоа е можно – гол од слободен удар преку блок на Кристопанс, Сипос, Мандиќ…(ВИДЕО)

Доскорешниот лидер на Бундес лигата, Мелсунге, загуби кај последнопласираниот тим на Бергишер со 32-31, во меч од осмото коло. Иако имаше седум победи по ред, тимот на Роберто Парондо, првпат сезонава ја почувствува горчината на поразот и тоа буквално - по истекот на времето од слободен удар. Мадс Кјелгард погоди во голот на Адам Моравски, преку „живиот ѕид“ од Адриан Сипос, Даинис Кристопанс, Давид Мандиќ...Погледнете...