Европската ракометна федерација ги објави рејтинзите и на националните селекции во женска конкуренција.
Исто како машката репрезентација, нашите девојки се рангирани на 19. позиција со вкупно 23 поени, а пред Македонија се Исланд, Србија, Швајцарија, Австрија, Хрватска, Чешка, Полска…
Токму репрезентацијата на Полска е ривал на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство 2025.
На врвот и понатаму е Норвешка, сега има 106 поени, втора е Франција со 103 поени, додека Данска е трета со 102.
Во ТОП 10 сѐ уште репрезентациите на Шведска, Холандија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Шпанија и Словенија.