Херојот Горига: Сакаме титула и да играме во Лигата на шампионите

Херојот во победата на Вардар беше левиот бек Дмитро Горига, кој се погрижи за триумф со 35-34 на вечното дерби во Битола против шампионот Еурофарм Пелистер.

Горига, кој и следната сезона ќе го носи „црвено-црниот“ дрес посакува титула и учество во Лигата на шампионите, но за тоа ќе треба вајлд-карта од ЕХФ за македонскиот првак.

„Последната акција не беше договорена дека треба јас да ја завршам и да шутирам, но како бек преземав одворност и погодив како во првото полувреме. Сакаме титула и сакаме да играме во Лигата на шампионите следната сезона. Јас и Вардар и ЛШ заедно“, изјави Горига.

Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај „сино-белите“ во Автокоманда, но претходно треба да ги одигра натпреварите од Купот на Македонија.