Хаос во српскиот првак – сериозни долгови и нарушени меѓучовечки односи!

Иако пред две сезони најавуваат учество и титула во Лигата на шампионите, оваа сезона не успеаја да се пласираат ниту во групната фаза од Лигата на Еворпа.

По двата порази од унгаркиот Естергом, атмосферата во редовите на Црвена Звезда се претвори во вистински хаос, пишува „Рукометни Журнал“. Очекувањата во Белград беа големи – пласман во групната фаза и европски предизвик, но по елиминацијата целата сезона тргна „низ брдо“.

Клубот донесе контроверзна одлука непосредно пред клучниот двомеч, откако му беше раскинат договорот на тренерот Андреја Вукојевиќ, кој го водеше тимот во подготовките за Европа. Наместо него, управата му ја даде довербата на Шандор Рац, што не го одведе клубот до очекувани резултати.

Ситуацијата е далеку од стабилна, ракометарките веќе два месеци не примиле плата, а причината што се наведува е што клубот „не успеал да ги постигне европските цели“. Ова дополнително ги продлабочило поделбите во соблекувалната на кланови.

Незадоволството кулминирало на последниот состанок каде што, наместо да се смири ситуацијата, паднале тешки зборови и нови конфликти меѓу ракометарките, особено меѓу Глушица, Гаровиќ, Величковиќ и Скробиќ, што дополнително го влошило меѓусебниот однос во екипата.

Неколку ракометарки јавно изразиле желба веднаш да ја напуштат Црвена Звезда, а првата што повлече конкретен чекор е Гордана Петковиќ, која ќе има нов клуб. Легендарната Катрине Лунде имаше договор до крајот на 2025 година со српскиот првак, а после ова јасно е дека и таа ќе го напушти „бродот што тоне“.