Кружниот напаѓач Гедеон Гвардиола, кој минатата недела заработи повреда на мускулот, ја пропушти втората фаза од подготовките на шпанската репрезентација за Олимписките игри во Париз.
Докторскиот тим препорача само мирување за да биде санирана повредата и тој треба да се врати на 11 јули, односно во последната фаза тренинзи пред ОИ.
„Ќе направам се во моја моќ за да се вратам на тренинзите“, вели Гвардиола за шпанските медиуми.
39-годишниот Гвардиола оваа сезона се врати во татковината и сега настапува за Нава, откако претходно долго време ги бранеше боите на Рајн Некар Левен и Лемго.
Шпанците ќе тестираат со Норвешка и Аргентина пред настапот на Олимписките игри, а на претходната Олимпијада, „фуријата“ го освои бронзениот медал.