Oхрид го освои трофејот на 53. издание на Струшкиот турнир откако славеше против Бутел Скопје со 30-24.
Најдобар стрелец во редовите на „гладијаторите“ беше десното крило Дарко Ѓукиќ, кој по настапите за Вардар и Металург, сега го носи дресот на трет македонски клуб.
„Ние сме нова екипа, треба да ни се даде уште време, се уште се запознаваме меѓу нас играчите, мислам дека од ден на ден оди се подобро, но треба уште многу многу работа за да се дојде до врвот и да ги стигнеме водечките екипи во Македонија. Ние ќе работиме да бидеме подобри од меч во меч, но најважно е што денеска освоивме прв трофеј во поново време за Охрид“, вели Ѓукиќ.
Тој имаше пофални зборови и за ривалот.
„Бутел е добро подготвена екипа, која се познава добро, која секогаш е меѓу најдобрите. Можеби ние бевме фаворити, но не големи, и сакам да им честитам на противничките ракометари и на стручниот штаб за одличната игра“, заврши Ѓукиќ.
Следен предизвик за Охрид и Ѓукиќ ќе биде настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ од 19 до 23 август.