Кадетската репрезентација на Грузија, како дел од подготовките за ЕП 2026, тренираше во Скопје и одигра три пријателски натпревари.
Избраниците на Шота Тевзадзе се враќаат дома без загубен меч, откако имаа две победи и едно реми.
Грузија најпрво славеше против кадетите на Пролет со 30-27, а потоа и против Аеродром со 33-25.
На последниот меч, Грузија одигра реми со „сино-белите“ од Автокоманда, 36-36.
Со кадетската репрезентација во Македонија беше и селекторот на сениорите на Грузија, Тите Каландаѕе кој своевремено беше дел од екипата на Вардар во 90-тите години од минатиот век.

























