Женската репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот пред бараж двомечот со селекцијата на Полска за пласман на СП 2025.
Селекторот Кристијан Грчевски за оваа акција смета на 20 ракометарки, а на собирот беше присутен и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, кој им посака среќа на ракометарките пред големиот предизвик.
На првиот собир беше присутна и Индира Кастратовиќ, директорката на сите женски селекции, која исто така им даде поддршка на ракометарките.
По два тренинзи во Скопје, ракометарките во вторник патуваат за Кошалин, градот каде ќе се одигра првиот бараж натпревар со Полска на 9 април од 20:30 часот.
Реванш средбата меѓу Македонија и Полска ќе се одигра на 12 април во салата „Боро Чурлевски“ од 19:00 часот, а билетите за овој натпревар се веќе во продажба. Целиот приход ќе оди во хуманитарни цели за настраданите во трагедијата во Кочани.