Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки за претстојната ЕХФ недела.
Како дел од подготовките за бараж двомечот за пласман на СП 2025 против Полска, дамите ќе имаат собир од 3 до 9 март.
Грчевски ќе смета на 20 ракометарки за оваа акција, а ќе ги нема искусните Јована Саздовска и Елена Ѓорѓиевска.
Двете ги завршија репрезентативните настапи, но десниот бек ќе продолжи со улогата на асистент во стручниот штаб на селекторот.
Македонија ќе одигра две пријателски средби против селекцијата на Србија на 7 и 8 март во градот Бор.