Ракометарките на Ѓорче Петров на првиот четвртфинален натпревар против Елче од Европскиот Куп забележаа пораз од 36:21 и на реванш дуелот, кој ќе го одиграат на свој терен, ќе се обидат да се претстават во подобро светло.
Македонскиот шампион отвори лошо, за осум минути постигна само еден гол, додека домаќинот во воведните десет минути водеше со плус пет, 6:1. Како одминуваше времето стануваше јасно дека „лавиците“ ќе имаат тежок предизвик да направат камбек.
Елче кон средината на првиот дел дојде до предност од 12:5 и овие седум гола разлика не беа доволни да има мирна игра во последните десет минути, бидејќи избраничките на Симе Симовски на пет минути пред крајот на првото полувреме намалија на 14:10.
Ѓорче Петров можеше да дојде и до помала негатива, но во неколку наврати голманката Моралес не дозволуваше да биде совладана. Ниту домаќинките не одиграа на ниво во последниот дел од првите 30 минути, па така на полувреме се замина со резултат од 14:10 во корист за домашниот табор.
На стартот на вториот дел македонскиот тим конечно успеа да намали на минус три, 15:12, имаше можност уште повеќе да се доближи, но дадената шанса ја пропушти и влезе во криза. Шпанскиот тим за неколку минути игра ја зголеми позитивата и во 40 минута дојде до предност од 20:13.
До тој момент, голманката на Ѓорче Петров, Слободанка Кицеска, имаше три одбрани, а Морлаес од Елче една интервенција повеќе. Составот на Симовски даваше сѐ од себе за да се врати во игра, за момент намали на три негатива, 21:18, но до крајот домаќинит осетно ја зголеми разликата и дојде до убедлив триумф.
Најефикасна во Ѓорче Петров беше Марија Јанкуловска со пет погодоци, втот стрелец беше Анастасија Николовска со четири реализации, три запиша Емилијана Ризоска.
Реванш дуелот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се одигра на 17 март со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“ ·