Ѓорче Петров и натаму без пораз, но уште два тима во сериозна трка за врвот

По одиграното 16. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија, се намали бодовната разлика меѓу лидерот Ѓорче Петров и екипата на Чаир, која моментално се наоѓа на 2. позиција.

Во трката за титулата се вклучува и новакот во Женската лига – Металург Автокоманда. Избраничките на Јулијана Дамчевска во изминатото коло кај тимот на Ѓорче Петров освоија златен бод и се вклучија во трка за шампионската титула.

До крајот треба да се одиграат уште десет кола, по што ќе биде познато дали Ѓорче Петров ќе ја одбрани титулата, или пак Македонија ќе има нов шампион за сезона 2023/24.

Интересно ќе биде и трката за 6. позиција на табелата. За оваа позиција, на која се наоѓа Стружанка, ќе се борат и екипите на Скопје, Деспина, Пелистер, Овче Поле СУ и Спартак.

Екипата на Гевгелија, која до 16. коло немаше освоено ни бод, успеа на свој терен да го совлада Астибо и да се израдува на првата сезонска победа.

Женска лига, 16. коло, резултати:

Скопје – Пелистер 27:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Астибо 27:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Вардар 22:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Спартак 27:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Стружанка 36:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Шампион 32:19 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080